Мастер обучувач сертифициран за управување со приходи. Сунај е државен службеник кој својата професионална кариера ја посветил на угостителскиот сектор, пред сè, преку влијание на најосновното ниво – законски промени што го засегаат секторот. Неговото искуство во полето на развој и подобрување на туризмот во Македонија континуирано се надополнува со неговата работа на Националната програма за развој на туризмот, со директно предлагање на мерки за нејзино реализирање. Сунај е дел и од Одделот за мониторинг, анализа и резултати од досегашните спроведени активности во Секторот за туризам и угостителство во Министерството за економија.
Мастер обучувач сертифициран за управување со приходи и рецепција, одржување на простории и хигиена. Државен службеник со над 20 години искуство во Секторот за туризам и угостителство. Зоран е искусен обучувач на теми од гостопримството во соработка со меѓународни програми за помош, сите имплементирани со цел да се подигне нивото на квалитетот во Секторот за туризам и угостителство. Тој континуирано е дел од тимот кој работи на Националната стратегија за туризам на Македонија, како во делот на нејзиното креирање така и во нејзиното спроведување. Магистер по маркетинг и брендирање во туризмот и угостителството со повеќе од 10-годишно менаџерско искуство со специјалност маркетинг, промоција, брендирање и продажба. Член е на тимот за стандардизирање на хотелските и угостителските објекти. Течно зборува англиски и неколку јазици од регионот.
Мастер обучувач сертифициран за управување со приходи и рецепција, одржување на простории и хигиена. Никола има над 10 години искуство во областа на угостителството, особено во делот со управување со хотели. Во изминативе 5 години, тој е менаџер на еден од најголемите луксузни хотели во Македонија, работно место што му овозможува секојдневно да ги согледува проблемите и потребите на секторот од прва рака. Има искуство како обучувач на вработените на внатрешно ниво и е сертифициран обучувач за внатрешни ревизори за управување со системи на квалитет според ИСО 9001:2008 стандардите.
Мастер обучувач сертифициран за управување со приходи. Драгица е искусен менаџер во областа на угостителството и во моментов ја извршува функцијата хотелски менаџер на еден од најголемите хотели во Охрид. Таа е задолжена за целосното управување со хотелот и неговиот персонал, буџетирање и финансиско работење, организирање и насочување на сите хотелски услуги, вклучувајќи и рецепција и резервација, храна и пијалаци и одржување на просториите. Таа е обучувач за угостителство, сертифицирана од страна на American Hotel & Lodging Educational Institute и дипломиран менаџер за угостителство и туризам во Македонија.
Мастер обучувач сертифициран за управување со приходи. Славица е дел од Секторот за туризам и угостителство повеќе од 10 години, со посебно искуство како дел од Хотелско-туристичката асоцијација на Македонија – ХОТАМ. Нејзиното искуство во угостителството е стекнато со работење на различни позиции, со стручни знаења што ќе може да ги вклучи во својата идна улога како мастер обучувач. Таа зборува англиски јазик и неколку јазици од регионот.
Мастер обучувач сертифициран за управување со приходи. Александар е сертифициран консултант за менаџмент, со докажано искуство во водечки професионални услуги и компании за консултантски услуги. Тој работел како консултант за менаџмент за неколку мали и средни претпријатија од регионот на Балканот, како и за македонски јавни и владини институции. Покрај сертификатот како консултант за менаџмент, Александар има и сертификати за посетени обуки од областа на туризмот и угостителството. Дипломирал на „Американ колеџ“ во Скопје и зборува неколку странски јазици.
Мастер обучувач сертифициран за управување со приноси и приходи и техники за интернет дистрибуција и продажба. Александар е исто така дипломиран Менаџер по туризам и угостителство на Факултетот за Туризам и Угостителство во Охрид.<br /> Александар е искусен консултант во угостителскиот сектор и во моментов работи како консултант во комплекс составен од 3 хотели и 2 ресторани. Неговото искуство ги опфаќа: управувањето со набавки(оптимизација на понудата и побарувачката); формирање на цени и ценовна политика за хотелски капацитети; пресметување на добивките; развој на дистирбутивна и продажна мрежа за хотелски капацитети; искуство со комерцијални програми и софтвер за подобрување на приходите и профитабилноста на хотелско-угостителски бизнис.<br /> Како консултант, особено се истакнува неговото искуство во финалната градежна фаза на хотелски капацитети и услуги при започнување со работа на хотелско-угостителскиот бизнис, вклучувајќи екипирање на потребниот персонал и соодветна обука на персоналот согласно потребите на хотелот.
Мастер обучувач сертифициран за послужување и бармени. Своето врвно искуство го стекнува преку работа на различни позиции во угостителството, според високи меѓународни стандарди адаптирани на различни култури и кујни. Изабела поседува широк спектар на знаења и техники во послужувањето, кои ги има стекнато учејќи од странски експерти. Одлично зборува неколку јазици, а во моментов работи на клучна позиција во организирање настани и наставни модули во областа на угостителството и гостопримството.
Мастер обучувач сертифициран за послужување и бармени. Има долгогодишно искуство на повеќе позиции во областа на угостителството, што го доведува до неговата моментална менаџерска позиција во еден од најпосетените локали во Скопје. Своите способности и знаење ги развива запознавајќи ги клучните сегменти на секој елемент од организацијата и реализацијата на техниката на послужување и барменството.
Мастер обучувач сертифициран за комуникација со клиенти и квалитет на услуги и послужување и бармени. Над 20 години искуство во Секторот за туризам и угостителство во Македонија, како и во земји на Западна Европа. Шовкет е дел од Министерството за економија, директно вклучен во секторот за угостителство и туризам. Одлучи да стане сертифициран мастер обучувач со цел да ги пренесе своето знаење и искуство во секторот и да го подобри нивото на квалитет во практиката, исто како што го прави тоа работејќи на законите и подзаконските акти кои се однесуваат на Секторот за туризам и угостителство во Македонија. Континуирано е член на работната група која ја дефинира и ја спроведува Националната стратегија за туризам во Македонија.
Мастер обучувач сертифициран во областа послужување и бармени. Своето искуство во угостителскиот сектор го стекнува извршувајќи менаџерски и водечки функции во високо реномирани хотели во Македонија и во странство. Управувањето со човечки ресурси, менаџирањето вработени и организирањето големи настани во областа на угостителството и хотелиерството и во моментов се негова главна работна обврска во еден од хотелите со 5 ѕвезди во Скопје. Совршеното познавање на англискиот јазик и работата покрај врвен готвач со Мишелинова ѕвезда се резултат на интернационалното искуство, што несомнено го збогатува неговиот профил на успешност.
Мастер обучувач сертифициран за послужување и бармени. Ристо има преку 15 години искуство во областа на угостителството, а неговите широки познавања произлегуваат од работењето на различни позиции во угостителскиот сектор. Своите вештини дополнително ги усовршува учејќи и работејќи со експерти од Македонија и од странство. Одлично зборува неколку јазици, а во моментов е менаџер на еден од најпосетените луксузни ресторани во нашиот регион. Неговата одлука да стане сертифициран мастер обучувач ја донел со цел да ги пренесе своето знаење и искуство и да придонесе за зголемување на бројот на професионалните лица во угостителскиот сектор, а особено во секторот за послужување и бармени.
Мастер обучувач сертифициран за рецепција, одржување простории и хигиена.Има долгогодишно завидно искуство на менаџерски позиции во областа одржување простории и обезбедување хигиенски услуги.Своите вештини за координација на едукативни и наставни програми Ѓулај ги има стекнато и преку работното искуство во меѓународни организации.Зборува неколку јазици, а своето образование го има остварено не само во Македонија туку и во странство.
Мастер обучувач сертифициран за управување со приходи и рецепција, одржување на простории и хигиена. Државен службеник со над 20 години искуство во Секторот за туризам и угостителство. Зоран е искусен обучувач на теми од гостопримството во соработка со меѓународни програми за помош, сите имплементирани со цел да се подигне нивото на квалитетот во Секторот за туризам и угостителство. Тој континуирано е дел од тимот кој работи на Националната стратегија за туризам на Македонија, како во делот на нејзиното креирање така и во нејзиното спроведување. Магистер по маркетинг и брендирање во туризмот и угостителството со повеќе од 10-годишно менаџерско искуство со специјалност маркетинг, промоција, брендирање и продажба. Член е на тимот за стандардизирање на хотелските и угостителските објекти. Течно зборува англиски и неколку јазици од регионот.
Мастер обучувач сертифициран за управување со приходи и рецепција, одржување на простории и хигиена. Никола има над 10 години искуство во областа на угостителството, особено во делот со управување со хотели. Во изминативе 5 години, тој е менаџер на еден од најголемите луксузни хотели во Македонија, работно место што му овозможува секојдневно да ги согледува проблемите и потребите на секторот од прва рака. Има искуство како обучувач на вработените на внатрешно ниво и е сертифициран обучувач за внатрешни ревизори за управување со системи на квалитет според ИСО 9001:2008 стандардите.
Мастер обучувач сертифициран за рецепција, одржување на простории и хигиена. Со своето долгогодишно работно искуство во Секторот за туризам и угостителство при Министерството за економија, директно е вклучен во креирањето и во следењето на законските и подзаконските прописи што го регулираат угостителството. Негова цел и мисија е постојано зголемување на квалитетот на македонскиот туризам и гостопримство, поради што одлучува да стане дел оваа програма како сертифициран мастер обучувач и да се доближи до сите оние што работат во оваа област и да им го пренесе своето знаење.
Мастер обучувач сертифициран за комуникација со клиенти и квалитет на услуги. Таа е основач на коучинг компанија, лиценциран обучувач за возрасни, сертифициран NLP главен коуч (Capital Coach) и NLP мастер практичар (Master Practitioner), сертифициран тренер за SDI (Personal Strengths). Ирена е магистер по деловна економија со долгогодишно менаџерско искуство, со специјалност во маркетинг, рекламирање, комуникации, продажба, претприемништво. Во текот на нејзиното искуство повеќе од 20 години, работела со големи светски и домашни компании, како и со меѓународни и домашни институции. Во последните години, преку голем број обуки и коучинг, ја фокусира својата работа со тимови и поединци на инспирирање, охрабрување и зајакнување на нивните капацитети преку пренесување нови вештини, знаења и нивно усовршување, како и преку максимално придвижување на нивните внатрешни ресурси во насока на раст на бизнисот и на поединецот.
Мастер обучувач сертифициран за комуникација со клиенти и квалитет на услуги. Има долгогодишно искуство во индустријата на хотелски и угостителски менаџмент, каде што ја развива својата кариера во изминативе 10 години. Илија во моментов раководи со еден од најголемите синџири на хотели во Македонија на позицијата генерален директор. Своето искуство во областа на угостителството и гостопримството го развивал преку различни позиции во хотелскиот и ресторанскиот бизнис.
Мастер обучувач сертифициран за комуникација со клиенти и квалитет на услуги. Има над 15 години искуство во хотелиерскиот и угостителскиот сектор, пред сè, во делот на развивање на винскиот туризам. Сашко има докажано искуство и познавање во раководење со персонал како во ресторани така и во хотели, во развивање стратегија за вински туризам на локални бизниси, вклучувајќи планирање, организирање и изведување уникатни вински тури. Добро го познава англискиот јазик со чија употреба успеал да го доближи винскиот туризам во Македонија до странските гости. Сашко има сертификати за обуки во лојалност на клиенти, како и за управување со човечки ресурси.
Мастер обучувач сертифициран за комуникација со клиенти и квалитет на услуги и послужување и бармени. Над 20 години искуство во Секторот за туризам и угостителство во Македонија, како и во земји на Западна Европа. Шовкет е дел од Министерството за економија, директно вклучен во секторот за угостителство и туризам. Одлучи да стане сертифициран мастер обучувач со цел да ги пренесе своето знаење и искуство во секторот и да го подобри нивото на квалитет во практиката, исто како што го прави тоа работејќи на законите и подзаконските акти кои се однесуваат на Секторот за туризам и угостителство во Македонија. Континуирано е член на работната група која ја дефинира и ја спроведува Националната стратегија за туризам во Македонија.
Мастер обучувач сертифициран за комуникација со клиенти и квалитет на услуги. Има над 15 години искуство како консултант за менаџмент во угостителството, пред сè, како едукатор, а обучувал и хотелски и ресторански персонал. Горан е сертифициран и од БАС- програмата на Европската банка за обнова и развој во Македонија како експерт-консултант за хотели и ресторани. Горан зборува неколку јазици и неговото искуство како обучувач и едукатор го стекнувал не само во Македонија туку и во регионот.
Мастер обучувач сертифициран за комуникација со клиенти и квалитет на услуги. Габриела своето искуство како обучувач и едукатор го стекнала за време на својата досегашна кариера како редовен професор по хотелски и туристички менаџмент на еден од универзитетите во Македонија. Таа обучува млади поединци од областа на угостителството повеќе од 20 години, постојано стекнувајќи незаменливо меѓународно искуство како гостин предавач на меѓународни универзитети. Габриела има постдипломски и докторски титули по менаџмент во областа на угостителството и туризмот и својата кариера ја насочила кон промовирање на најдобрите техники на обучување во секторот.
Мастер обучувач сертифициран за техники за дистрибуција и продажба. Неговото искуство се протега на неколку сектори во угостителската индустрија, вклучувајќи ја и неговата сегашна позиција како хотелски менаџер за маркетинг и продажба. Дарко своето искуство го стекнал преку различни работни места од кои повеќето биле насочени кон аспектите на продажба специфични за хотелската индустрија. Со цел да го зголеми своето познавање и да биде во можност во иднина да обучува други професионалци од областа, Дарко ја одбра токму оваа тема – техники на дистрибуција и продажба.
Мастер обучувач сертифициран за управување со приходи и за техники за дистрибуција и продажба. Александар е искусен консултант во угостителскиот сектор кој во моментов работи како менаџер во ресторанскиот бизнис. Неговото искуство ги опфаќа: управувањето со набавки, формирање цени и пресметување на добивките, продажба, како и употреба на софтвер за подобрување на приходите и профитабилноста на еден бизнис. Како консултант, особено се истакнува неговото искуство во нудење услуги за изградба на нов хотел во центарот на Скопје, проект што го сработил од самиот почеток, вклучувајќи негово опремување со персонал и нивно обучување.