logo
Македонија е земја на љубезни луѓе што ги пречекуваат гостите насмеани и ги испраќаат задоволни.
Бул. ВМРО бр. 1, Скопје, Македонија
+389 2 32 32 821
info@htca.mk
Следете нè на:

Обука за лица на управувачки / одлучувачки позиции во угостителството – Train the leaders

Период на обука: 6 месеци (2-3 дена месечно)
Наменета за сопственици на угостителски објекти, менаџери, директори, извршни функции.

-Обуките ги изведуваат сертифицирани мастер обучувачи + гостински предавања од страна на СХЛ-обучувачи, моментално присутни во Тренинг центарот

На оваа обука ќе бидат обработени следниве модули:

I. Евалуација на објектот
ден 1посета на објект и евалуација
ден 2feedback и разговор со сопственик, менаџер, управител

II. Комуникација и односи со клиенти
ден 1комуникациски вештини
– висина и јачина на тон на гласот адаптиран на средината и просторот
– познавања за гостинот во мера на учтивост, но не и претеран интерес и нарушување на приватност
– експресија на лице
– говор на тело
– невербална комуникација (поглед, физички контакт, начин на ракување)
– вежби за меморија и препознавање на гостите
– важност на слушање на гостинот
ден 2решавање на проблеми
– клиент v.s. клиент
– клиент v.s. вработен
– техники за справување со проблематични гости
– како гостинот да остане задоволен и после направен пропуст или настанато недоразбирање
– начини за надминување на непредвидени ситуации
III. Управување со приходи и продажба
ден 1- Клучни аспекти на финансискиот менаџмент
– значење, цел и придобивки на добриот финансиски менаџмент
– улога на менаџерот во управувањето со приходите
– препознавање на својата позиција на пазарот и утврдување на финансиската состојба и способност на субјектот
– анализа на пазарни текови и конкуренција
– следење на движењето на цените
– структуирање на цени и формирање на понуда
– развивање на вештини за зголемување на профитот
– стекнување способност за прогноза и креирање на идни политики за работа
ден 2- Маркетинг и промоција
– концепт за креирање на план за маркетинг
– следење на трендовите во областа на маркетинг и промоција
– развој и унапредување на начини и техники за маркетинг
– анализа на успешноста на различни типови на рекламни медиуми
– клучни фактори за добар маркетинг и промоција

IV. Мотивациски техники и коучинг
ден 1- Вештини за јавен настап и односи со јавност
– одржување фокус на настанот и ситуацијата
– справување со паника и трема
– техника за говорење со моќна и убедлива порака
– давање информација со јасен концепт и смисла
ден 2 – Лидерот како ментор и тренер
– развивање на лидерски способности
– создавање пракса за споделување на знаењето и позитивните примери
– примена на механизми за мотивација и стимулација на вработените
– креирање на систем за комуникација со вработените и пренос на информации
– евалуација и вреднување на повратното мислење и информација од вработените

V. Право и човечки ресурси
ден 1- правна легислатива
– Основни правни прописи што треба постојано да се следат и применуваат во областа на хотелиерство и угостителство
– комуникација со надлежни органи и инспекциски тела
– содржина и структура на добар менаџерски договор
– елементи на комерцијални договори

ден 2- управување со човечки ресурси
– склучување договори со вработени
– склучување на посебни договори за обука или надградување и усовршување на вработениот
– конкурентска клаузула
– правна комуникација претпоставен-вработен на сите нивоа
– воспоставување на доверба и сигурност кај вработените
– градење на систем на контрола и надзор

VI. Англиски во угостителство
ден 1- основна терминологија и примена на англискиот јазик во хотелиерството и угостителството
ден 2 – пишана кореспонденција
– Правила за пишување на електронска порака
– Општи поими и фрази што се употребуваат за прифатени ознаки во дејноста, менија, соопштенија

Секој од модулите ќе содржи и практичен дел, задача зададена од обучувачите што учесниците ќе треба да ја решат, применувајќи ја во својот објект. Задачите ќе се коментираат со обучувачите пред почетокот на секој нареден модул и во последната недела пред завршувањето на обуката.
На крајот од обуката, учесниците добиваат сертификат издаден од страна на Тренинг центарот Академик.

Предности што ги добивате со оваа обука

– можност да ги дознаете предностите и слабостите во вашите објекти (евалуација според швајцарски стандарди)
– уникатни лични способности кои ќе ви помогнат во менаџирање на секојдневните ситуации, како и нови познавања од секторот што може да ги примените во вашите објекти
– ексклузивна можност да се запознаете со обуките што ќе ги нуди ГДЛО – Тренинг центарот на Академик, каде што во иднина ќе можат да се обучуваат постојни и идни вработени.

Оглас TRAIN THE LEADERS