Зошто да инвестирате во вашите вработени?
Важноста на обуките и развојот на вработените во хотелиерството
Хотелиерите многу често очекуваат да добијат голем поврат на инвестицијата со надградувањето на технологијата. Технолошките иновации се суштински дел од секој хотелски бизнис, но не можат да го обезбедат посакуваниот поврат на средства. За разлика од тоа, инвестирањето во вработените може да резултира со најголема придобивка за еден хотел. Вработените кои се сигурни дека нивниот работодавач инвестира во нивниот успех даваат многу повеќе од она што во основа се бара од нив – тие се попродуктивни и подобро се грижат за гостите.
Во денешно време, добро обучениот персонал е од најголема важност за бизнисот, посебно затоа што постои голема конкуренција на пазарот. Од сиот тој избор гостите сами решаваат каде ќе ги потрошат своите пари, а одлуките за тоа сè повеќе ги засноваат на своите искуства од минатото и на она што ќе го прочитаат на интернет.
Без добра подготовка, контактот на вработените со гостите може да биде и непријатно искуство што ќе влијае лошо на рејтингот на вашиот хотел. Најдобар начин да ги импресионирате вашите гости и да ги охрабрите да дојдат повторно е брзо да одговорите на нивните барања и предизвици и вешто да ги надминете нивните очекувања.
Квалитетните обуки чинат многу, но придобивките од нив во секоја смисла ќе ги оправдаат трошоците. Тоа ќе го забележите од моментот кога поплаките од гостите ќе бидат заменети со пофалби и со благодарност за одличната услуга.
Вашите вработени се несомнено највредното богатство на вашата компанија, затоа е многу важно тие секогаш да бидат задоволни. Во областа на хотелиерството секогаш има недостиг од добри работници, затоа приоритет треба да биде развојот на вработените, кои пак се од суштинско значење за одржување на услугата на високо ниво што ќе резултира со задоволни гости. Во хотелиерската индустрија, која е во постојан и брз развој, најголема корист можете да имате од квалитетно обучени работници. На тој начин ќе ја задржите конзистентноста и конкурентноста на пазарот. Најдобар начин да ја победите конкуренцијата е да им обезбедите експертиза на вашите вработени за врвна услуга во ресторан, за ефикасно работење на рецепција, за беспрекорна чистота во објектот.