logo
Македонија е земја на љубезни луѓе што ги пречекуваат гостите насмеани и ги испраќаат задоволни.
Бул. ВМРО бр. 1, Скопје, Македонија
+389 2 32 32 821
info@htca.mk
Следете нè на:

Обуки во хотелско-угостителски дејности

Еднодневна обука

Наменети се за вработените кои се професионалци, со долгогодишно искуство и со одлично познавање на своите должности. На овие обуки ќе се покријат само одредени делови од работењето, на пример: техники на послужување, комуникација со гости, техники за продажба, според швајцарските стандарди со цел да се имплементираат во работењето.

Цена: 9 225 денари без вклучен ДДВ
Цената вклучува: закуска, кафе и пијалак

Тридневна обука

Наменети за поединци кои работат во хотелската индустрија. Потребно е да имаат искуство и добро познавање на своите должности и техники на работа. Овие обуки се наменети за сертификација во одредени вештини или практики за кои се обучуваат во одредена област од дејноста. Целта е да се имплементираат швајцарските стандарди во работата. Обуката задолжително опфаќа практичен дел и практични вежби за проверка на знаењето

Цена: 12 300 денари без вклучен ДДВ
Цената вклучува: закуска, кафе и пијалак

Тринеделни обуки

Наменети се за лица кои не се вработени или се почетници, а сакаат да се стекнат со темелни знаења во областа. Кон 70 часа теоретска обука во десет работни денови, задолжително се придодаваат и најмалку 30 часа пракса во Центарот или во реални услови на работно место. Успешните учесници се стекнуваат со меѓународен СХЛ-сертификат за успешно завршена обука во определена дејност.

Обуките започнуваат на 5 ноември 2018 година, а ќе се одржуваат во период од три недели (по три дена во една недела, односно вкупно девет дена). Во зависност од бројот на пријавените, за секоја обука е можно да се договори соодветен термин прифатлив учесниците и за обучувачот.

Цена: 18 450 денари без вклучен ДДВ
Цената вклучува: закуска, кафе и пијалак
Краен рок за пријавување: 29.10.2018
Контакт на тел: 02/ 3 110 227
е-пошта: info@htca.mk.

Типови на обука:

Рецепцијата го претставува срцето на хотелот.
Оваа обука е наменета за сите оние што сакаат да работат во овој оддел и што сакаат да стекнат знаења за успешна организација и вешто раководење со него.
Во текот на обуката учесниците ќе имаат интерактивна и практична работа во делот на рецепциското работење.
Учесниците ќе ги научат методите на работа според принципите и стандардите на Швајцарската академија за хотелски менаџмент од Луцерн во делот на услуги, методи и комуникации во рецепциското работење.
Исто така, ќе научат како да ги применуваат квалитативните и квантитативните методи на учење  и нивното значење за имплементација во пракса.
Бидејќи се работи за почетен курс, учесниците ќе се стекнат со знаења за следното:

-Техники и структура на работата на рецепција
-Вештини на консиерж
-Документација во рецепциското работење
-Постапката за изгубено/најдено, практична работа со листи за проверка
-Методи на продажба
-Управување со приходи (Revenue Management)
-Комуникација со клиенти.

Менаџирањето на продажбата е бизнис-дисциплина што се фокусира на практичната примена на техниките за продажба и на менаџирањето со продажните операции на фирмата.
Во текот на оваа обука учесниците ќе  научат да подготвуваат маркетиншки план за хотел и да ја разберат неговата правилна примена, а воедно ќе ги научат и методите за подобрување на севкупната маркетиншка стратегија.
Исто така, ќе ги пресметуваат трошоците за маркетинг и рекламирање на каналите на социјалните медиуми, ќе можат да ги разликуваат онлајн и офлајн каналите за дистрибуција.
Понатаму, ќе се стекнат со основни познавања за дистрибутивните канали, за нивните бизнис-модели и за нивните трошоци.
Преку практичните вежби ќе научат да направат сегментација на пазарот и да се приспособат на специфичните потреби на пазарот и како да ги применуваат вештините потребни за привлекување повеќе клиенти.
Теоретските предавања се базираат на најдобрите практики релевантни за потребите во хотелската индустрија, што ќе им помогне на учесниците да го разберат бизнисот преку ефективни и ефикасни техники за продажба и преговарање. Обуката ќе се фокусира на следното:

-Маркетиншки план во хотел и негово спроведување/извршување
-Маркетинг на социјалните мрежи и негова пресметка
-Дистрибуција во хотелот – перспектива на клиентот и на хотелот
-Работење со надворешни дистрибутери/онлајн туристички агенции
-Вештини за продажба и преговарање
-Самооценување и контролни листи за дистрибуцијата.

Обуката за одржување на просториите и хигиената ќе овозможи практично совладување на техниките, методите и професионалните знаења на вработените во одделот домаќинство. Учесниците ќе ги разберат процесите за одржување на хигиената според високите стандарди на Швајцарската академија.
Обуката е наменета за сите оние што сакаат да работат или веќе работат во хотелиерството во одделот домаќинство и сакаат да се стекнат со знаење според швајцарските стандарди.
Во текот на оваа обука учесниците ќе имаат предавања, интерактивна и практична работа во делот на домаќинството, а на крајот од обуката ќе се стекнат со одлично познавање на должностите и одговорностите во домаќинството преку кои се одразуваат високите стандарди на работа и врвната услуга за клиентите.
За учество на оваа обука не се потребни претходни познавања од областа на хотелиерството бидејќи се работи за почетен курс на кој ќе се покријат следните содржини:

-Улогата на одделот за домаќинство во хотелот
-Професионална комуникација со клиенти и справување со поплаки
-Процедури и принципи при чистење и одржување на просториите
-Лична хигиена и хигиена во околината
-Правилна употреба на опремата, средствата и хемикалиите
-Постелнина и останати услуги во домаќинството
-Постапка при технички проблеми
-Одржување на сигурна и безбедна средина за работа.

На оваа обука учесниците ќе ги научат техниките и методите на послужување за да станат професионални келнери. Ќе научат да ги применуваат швајцарските стандарди во подготовката за услугата, послужување на гости и техника на послужување на вино.
Преку практична работа ќе ја научат важноста на комуникацијата, на тимската работа и на меѓучовечките односи во гостопримството. Ќе научат да го ценат квалитетот и ќе  дознаат зошто е важно да се имплементираат овие правила.
Обуката е наменета за оние што немаат искуство, а  сакаат да изградат кариера со 5 * во ресторан.
Работната средина ќе им обезбеди на учесниците можност за практично вежбање на самото место, користејќи опрема за послужување во ресторан, при што ќе ги развиваат работните вештини.
Исто така, учесниците ќе се стекнат со знаења за винската култура, за винските региони, за сортите на грозје, за производството на вино и за послужување на виното. Обуката ги опфаќа следните содржини:

-Методи и процеси на послужување
-Поставување на маси по швајцарски стандарди
-Правила на послужување по швајцарски стандарди
-Комуникација со клиенти – справување со поплаки
-Светот на виното како ефикасен начин за комуникација со гостите при нивниот избор на вино
-Продажба и препорака
-Тимска работа и меѓучовечки односи
-Подготовка и послужување на пијалаците.

Пријавувањето е во тек!

Обуки на барање на клиентите

Овие обуки се структурираат според потребите на заинтересираните клиенти и се изведуваат со времетраење во согласност со побараната обука. Штом се сертифицираат, потребно е обучувачот да достави наставен план и програма одобрени од страна на Тренинг центарот, според претходно утврдени стандарди со СХЛ, а кои задолжително треба да содржат:

– потреба од обука
– целна група
– знаења со кои се стекнува целната група
– структура и времетраење на обуката
– структура на час што треба да содржи
– теоретски дел
– практичен дел
– работа во групи на зададен проблем
– разговор за понудените решенија
– тестирање на знаење.

Теми со веќе сертифицирани мастер обучувачи:

– Управување со приходи
– Комуникација и однос со клиенти
– Продажба
– Рецепција, одржување на простории и хигиена
– Келнери и бармени