logo
Македонија е земја на љубезни луѓе што ги пречекуваат гостите насмеани и ги испраќаат задоволни.
Бул. ВМРО бр. 1, Скопје, Македонија
+389 2 32 32 821
info@htca.mk
Следете нè на:

Пријавете се на обука!

Првите 100 пријавени кандидати добиваат 50% попуст!

Поддржано од Министерство за eкономија на Република Македонија
*Важи само за граѓаните на Република Македонија

ОБУЧИ СЕ и биди дел од ХТЦА – добитник на признание за најдобар реализиран проект од областа на туризмот.

ТРИ ПРИЧИНИ ЗОШТО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ НА ОБУКА ЗА УГОСТИТЕЛСТВО ВО ХТЦА

а) Ќе бидете обучени, мотивирани, насмеани и ќе знаете дека зад вашата обука стојат високи швајцарски стандарди;

б) Ќе се стекнете со сертификат кој се препознава како знак за квалитет во Македонија, но и во целиот свет;

в) Првите 100 пријавени ќе добијат 50 % попуст – можност која можеби веќе нема да се повтори.

ПРИДРУЖЕТЕ СЕ НА НАЈБАРАНИТЕ ПРОФЕСИИ И ЗАПОЧНЕТЕ КАРИЕРА ВЕДНАШ

Обуките за угостителство во организација на ХТЦА во Скопје ви овозможуваат да се стекнете со меѓународно признат сертификат кој го издава Швајцарската академија за хотелски менаџмент  од Луцерн (SHL).

Стекнете се со сертификат за келнер, за рецепционер, за бармен и за домаќинство и станете дел од тимот кој е еден од најбараните профили на денешницата.

Не пропуштајте, 50% попуст на обуките!

Со големо задоволство ви најавуваме дека во соработка со Министерството за
економија на Република Македонија ви нудиме единствена можност за 50%
финансиска поддршка за учество на обука
ЗА ПРВИТЕ 100 ПРИЈАВЕНИ КАНДИДАТИ!
Побрзајте и резервирајте го вашето место! Пријавете се веднаш!

„Сум била на многу обуки за различни позиции во угостителството. Континуираната обука е задолжителна, и без неа нема напредок во угостителството, но да го добиете сето тоа во Македонија, во прекрасно дизајниран простор, со швајцарски стандарди и да имате можност да добиете вреден меѓународен сертификат, немојте да се двоумите и дојдете!“

Ѓулај Салиевска-Гештаковска - дипломиран професор и мастер обучувач

„Да се добие ваква обука и ваков ценет меѓународен сертификат во Македонија е речиси неверојатно. Зграпчете ја приликата веднаш.”

Круно Контески - хотел Парк

„Како професионалец во областа на угостителството веќе петнаесетина години, а сега и на висока извршна функција во хотелската индустрија, сфатив дека оваа професија има многу предизвици. Обуката од овој тип, која беше сеопфатна, ми помогна да ги унапредам моите вештини од повеќе аспекти. Едноставно, спојот на знаењата за луксузното угостителство и уникатната практична работа со сигурност ми се од огромна корист во извршувањето на секојдневните задачи.”

Дарко Мустрик - хотел Тимс - генерален менаџер

„Во светот на угостителството точно се знае кој е на врвот во едукацијата, а Швајцарската академија за хотелски менаџмент од Луцерн е токму таму. Да се биде сертифициран од неа е голем успех. Не двоумете се, бидете дел од овие обуки.“

Зоран Николовски - туризмолог

За нас.

Мисија, визија и услуги

Ние постоиме заради подигање на стандардите за гостопримство во Република Македонија. Го основавме Тренинг центарот во Скопје, за да покажеме дека во индустријата на гостoпримство секогаш може повеќе и подобро…

Погледни повеќе

Видови обуки.

3 вида на обуки

Обуки за професионални обучувачи кои сакаат да ја збогатат својата кариера со теми од угостителството, обуки за професионалци кои сакаат да работат во секторот и обуки за лица на водечки позиции во угостителството кои сакаат да го подобрат квалитетот на својот бизнис.

Погледни повеќе

Календар на обуки.

Тренинг центарот Академик нуди повеќе видови обуки кои се сертифицирани од СХЛ. Во моментот нудиме обуки за рецепција, за маркетинг, за домаќинство и за келнери и бармени. Погледнете го распоредот на актуелните обуки и пријавете се.

Погледни повеќе

Сертифицирани мастер обучувачи

Во соработка со Швајцарската академија за хотелски менаџмент Луцерн (Schweizerische Hotelfachschule Luzern (SHL)). Секоја обука, изглед, процедури за квалитет, тестирања и наставен план и програма се сертифицираат од оваа меѓународна институција. Квалитетот на обуките што ги нуди Тренинг центарот се гарантира со инволвираноста на оваа меѓународна институција во сите негови постапки и активности, како и со задолжителниот процес на ресертификација на Тренинг центарот на годишно ниво.

Погледни повеќе

Обука за сертифицирани мастер обучувачи

Период на обука: 12 недели

Обуки кои континуирано ќе го зголемуваат фондот на основните ресурси на Центарот – мастер обучувачи со уникатни познавања и техники на обучување пренесени од предавачи со меѓународно признато реноме

Погледни повеќе

Обуки во хотелско-ресторански дејности

Тринеделни, тридневни или еднодневни

Теми со веќе сертифицирани мастер обучувачи:
-Управување со приходи
-Комуникација и однос со клиенти
-Продажба
-Рецепција, одржување на простории и хигиена
-Келнери и бармени

Погледни повеќе

Целни групи / Корисници

Секој поединец кој е вклучен во угостителството е свесен за важноста на квалитетната услуга. Високото ниво на квалитет е она што ги издвојува успешните бизниси од другите. Токму затоа можноста да се биде дел од обуки наменети за подобрување на нивото на квалитет во угостителството е основниот мотив за професионалците од овој сектор. Задоволен гостин е основа за успешен угостителски бизнис.

Сегашни и идни сопственици на угостителски објекти, менаџери, лица на раководни позиции во угостителските објекти

Бидете предводник (лидер) во угостителството и гостопримството. Подобрете го нивото на квалитет на услугата во Вашиот бизнис и постигнете го посакуваниот успех. Изградете бренд познат по својот квалитет.

Потенцијални мастер обучувачи

Издвојте се од другите обучувачи на пазарот како единствени со сертификат од институција со меѓународно признато реноме. Бидете во тек со најновите трендови во угостителството и најновите техники и методологии на обучување.

Заинтересирани за стекнување сертификат во определена професија во угостителството

Бидете во предност пред другите професионалци. Стекнете уникатни, практични вештини кои ќе ве позиционираат на врвот на пазарот на трудот во угостителството. Вложете во својата иднина!

Новости.

Доколку сакате да добивате информации за следните активности на Центарот, оставете ја вашата електронска адреса.